
Објава од болница Плодност
️ ЕДНА ГОДИНА БЕЗ НАШИТЕ СОРАБОТНИЦИ И ПРИЈАТЕЛИ
На денешен ден, пред една година, ја доживеавме најтешката загуба во нашето семејство –
прим. д-р Александар Ристески, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолoг Фанче Јованоска.
Нивното отсуство и понатаму боли, но нивната добрина, нивното знаење и нивната љубов кон пациентите живеат со нас секој ден.
Тие не се само дел од историјата на „Плодност“, туку засекогаш дел од нашите срца.
Со неизмерна благодарност и тивка молитва, Мир во Царството Небесно