HomeАктуелноИзборно утро со инциденти: 10 пријави за прекршување молк, едно лице приведено

Изборно утро со инциденти: 10 пријави за прекршување молк, едно лице приведено

Во текот на изборното утро полицијата регистрираше повеќе случаи на нарушување на изборниот молк, а еден од нив заврши со приведување. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во основното училиште „26 Јули“ во Шуто Оризари е приведено лице кое го фотографирало своето гласачко ливче, што претставува кршење на изборните правила.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Портпаролот на МВР, Гоце Андреевски, информира дека до отворањето на избирачките места утрово во 7 часот биле примени 10 пријави за прекршување на изборниот молк, најмногу во подрачјата на СВР Скопје и СВР Охрид – по три случаи, две пријави во Штип и по една во Тетово и Битола. По преземените проверки, шест од нив не биле потврдени.

Дополнително, биле забележани 19 објави на социјалните мрежи во кои се повикува на гласање за одредени кандидати или се прикажуваат партиски активности за време на молкот.
Андреевски додаде дека гласањето на болни и изнемоштени лица, како и во казнено-поправните установи, поминало без проблеми во сите подрачја.

Видео

Инцидентот со фотографирањето на гласачкото ливче, според полицијата, се истражува, а против лицето се преземаат соодветни мерки.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.