HomeАктуелноМенди Ќура прогласи победа: Струга испиша историја

Менди Ќура прогласи победа: Струга испиша историја

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга Менди Ќура синоќа прогласи победа.
На прес-конференција им се заблагодари на стружани што му ја дадоа довербата, нагласувајќи дека тие денеска испишале историја.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Благодарам на сите, на сите граѓани на општина Струга што ме поддржаа, што сфатиле дека јас имам добри проекти. Тие денеска испишаа историја. Но, историјата ќе се заврши по четиригодишниот мандат, кога ќе завршиме и ќе имаме историски успех за четири години, рече Ќура.
Тој изрази благодарност и до неговиот изборен штаб, но и до коалициските партнери во Владата за поддршката.

Потсети дека воделе цивилизирана кампања, без притисок, поткуп и клевети.

Според податоците на Државната изборна комисија, изброен гласови во Струга, Менди Ќура овои 12.490  пред неговиот против кандидат Арсим Далипи кој овои 11.953 подржан од Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.