HomeАктуелноМакедонија во криза: Сè повеќе жртви во сообраќајни несреќи

Македонија во криза: Сè повеќе жртви во сообраќајни несреќи

Македонија повторно се соочува со трагични сообраќајни несреќи. Страшно и загрижувачки е тоа што овие инциденти стануваат речиси секојдневни. Најновата трагедија се случи синоќа на патот Прилеп–Росоман, каде двајца загинаа, а пет лица се повредени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Завчера, во центарот на Скопје, пешак кој преминувал булевар на пешачки премин со велосипед, загина откако на него налетало возило. Ден пред тоа, во друга сообраќајка, една жена беше прегазена и тешко повредена, исто така во центарот на Скопје. За жал, вакви трагедии можат да се редат со денови.

Оваа алармантна состојба мора да предизвика сериозна реакција од институциите, особено од МВР. Полицијата треба да воведе вонредни и засилени мерки, со зголемено присуство на патиштата и строга контрола на сообраќајот. Состојбата со некултурата во сообраќајот е загрижувачка и бара итни чекори за превенција.

Граѓаните и учесниците во сообраќајот мора да сфатат дека ова е криза која се однесува на сите нас. Премногу животи се загубени, а премногу луѓе се повредени, за да се игнорираат правилата и безбедноста. Само заедничка одговорност и доследно почитување на законот може да ги намали трагедиите на патиштата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.