Охрид, 6 ноември 2025 – Во спортската сала „Билјанини Извори“ вчера се одиграа полуфиналните натпревари на турнирот „Ohrid FREED 2025“, кои ги одбележаа силна борба, страст и вистинска спортска магија.
Во првиот полуфинален дуел, Гранит X и ЈП Охридски Комуналец ремизираа 2:2, по што Гранит X славеше со 4:2 во пенали. Во вториот натпревар, АСП ПАК убедливо ја победи Гостилница кај Мече со 8:1, обезбедувајќи си место во големото финале.
Со овие резултати, составите кои ќе играат за пласман во финалето се:
-
Финале: АСП ПАК – Гранит X
-
Натпревар за 3. место: Гостилница кај Мече – ЈП Охридски Комуналец
Финалните натпревари ќе се одржат утре, 7 ноември, на Денот на ослободувањето на Охрид. Натпреварот за третото место започнува во 21:00 часот, а веднаш потоа следува големото финале.
Организаторите ги повикуваат сите љубители на спортот да присуствуваат и да го прослават празникот со спорт, дружење и многу позитивна енергија во салата „Билјанини Извори“.
