HomeАктуелноАпел за предупредување – Обилните дождови продолжуваат

Апел за предупредување – Обилните дождови продолжуваат

Територијата на  Република Македонија се наоѓа под влијание на силен циклонски систем кој се формираше над Џенова и истиот условува да имам обилни врнежи од дожд и истите се најобилни во западните предели каде се проследени со појава на грмежи и силен јужен ветер, локално овие процеси се застапени во форма на невреме.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

До сега најмногу дожд има наврнато во Лазарополе  и тоа 60 литри дожд а од градовите најмногу дожд досега има наврнато во Тетово и тоа 53 литри дожд.

Денес (Среда 19 Ноември) поради влијанието на циклонската активност од Џенова во Република Македонија во најголем дел ќе има повремени врнежи од дожд. Особено обилни врнежите ќе бидат во западните  и во југозападните предели од Македонија каде за 24 часа очекувам да наврне ново големо количество на дожд (над 50 литри дожд). Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (локално со брзина од над 60 км/час) а ќе има услови и за ретка појава на грмежи.

И во Скопје  и околината во погоре споменатиот период ќе има повремени врнежи од дожд со умерен интензитет. Повремено ќе засилува ветерот од јужен и од југоисточен правец.

Температурите остануваат да бидат натпросечно високи за ноември и тоа поради јужното воздушно струење  и тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 13 степени.

Апелирам поради обилните дождови кои ги очекувам особено во западните  и во југозападните предели од Македонија граѓаните да бидат внимателни каде  и како се движат, особено да бидат внимателни возачите и тие да не се движат во близина на водотеците. Исто така поради понатамошните обилни врнежи од дожд растат условите  и за зголемување на нивоата  на реките  и на езерата во нашата Македонија, особено во западните и во југозападните предели. ( Метео прогноза – Славчо Попоски).

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.