Регистрирани се следните појави и преземени активности:
• Одрон на патниот правец Битола – Прилеп, кај с. Лознани.
Известени: МВР ПС Битола и ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта – подружница Битола.
• Одрон од голем камен на патниот правец Ресен – Охрид, кај Буково.
Известени: МВР ПС Ресен и ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта.
• Поплавен објект (фарма) во с. Породин, Општина Битола.
Известен: Началникот на штабот за заштита и спасување при Општина Битола.
• Поплавена визба на ул. 24 бр. 10 во Битола.
• Одрон на патниот правец с. Близанско – Македонски Брод, во должина од околу 15 метри.
Известено: ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта.
Надлежните служби се координирани и активно постапуваат на терен.
