Државниот завод за статистика бележи пад на бројот на склучени бракови и значителен пораст на разводи во третото тримесечие од годинава.
Во овој период регистрирани се 3 514 нови бракови, што е за 2.8% помалку во споредба со истиот квартал во 2024 година.
Истовремено, бројот на разведени бракови достигна 470, што претставува раст од 27.7% во однос на лани.
