HomeАктуелноМицкоски: Голема чест е повторно да бидам избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски: Голема чест е повторно да бидам избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Голема чест е повторно да бидам избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ви благодарам за довербата и за огромната одговорност што ми ја давате. Партијата денес донесе нова Стратегија и Доктрина, со која создаваме јасна и позитивна идејна основа за иднината. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и идеја што се пренесува со генерации. Оваа земја мора да научи да верува во себе, а не да биде зависна од тоа што некој однадвор ќе каже или ќе ни дозволи. Македонија може да успее само ако самата си постави цели, самата си верува и самата ја гради својата иднина. По долги години предизвици и неправди, народот ни ја довери одговорноста да ја обновиме државата. Нашата обврска е да ја движиме Македонија напред, со енергија, чесност и визија, затоа што задачата пред нас не е партиска таа е државна и историска, стои во објавата на премиерот.
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.