Градоначалникот Кирил Пецаков денеска, на пригодна свеченост пред споменикот на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад, им ги врачи наградите на учениците-автори на најдобрите литературни творби од конкурсот посветен на патронот.

Наградите им беа доделени на:
-
Софија Стојаноска, ученичка во четврто одделение во ООУ „Христо Узунов“, добитник на првата награда во прва категорија (ученици од I до V одделение).
Творба: „Свети Климент Охридски“ -
Ана Спасеска, ученичка во седмо одделение во ООУ „Климент Охридски“, добитник на првата награда во втора категорија (ученици од VI до IX одделение).
Творба: „Светиклиментовиот град“ -
Иво Георгиески, ученик во трета година во ОСУ „Свети Климент Охридски“, добитник на првата награда во трета категорија (средношколци од I до IV година).
Творба: „Чудниот старец“


