HomeАктуелноСиноќа тешка сообраќајка ја потесе Македонија, осум лица повредени

Синоќа тешка сообраќајка ја потесе Македонија, осум лица повредени

СВР-Тетово соопштува дека поради несреќа на автопатот Гостивар-Тетово, сообраќајот се пренасочува по една лента. СВР Тетово известува дека несреќата се случила во 20:05 часот помеѓу „Мерцедес“ со австриски регистарски таблички и „БМВ“ со тетовски регистарски таблички. Додаваат дека во несреќата се повредени 8 лица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Денес (13.12.2025), во 20:05 часот, на патот Гостивар-Тетово, по клучката „Камењане“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со австриски регистарски ознаки и патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки.

Во оваа несреќа се повредени осум лица, кои со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Клиничкиот центар Тетово“, соопшти СВР Тетово.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.