HomeАктуелноУХМР со важно известување за водостоите на реките во државата

УХМР со важно известување за водостоите на реките во државата

Зголемено ниво на реките во однос на просекот за декември се бележи денеска на Пчиња кај Катлановска бања, на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Црн Дрим кај Ложани, како и на Сатеска кај Ботун, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сепак, не сите водотеци бележат раст. Нивото на Брегалница кај Берово и Штип, Пчиња кај Пелинце и Црна Река кај Новаци се под просечните декемвриски вредности.

Водостоите на Охридското и Препанското и на Дојранското Езеро според денешните мерења се во рамки на просекот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.