Од синоќа Скопје во новогодишно светло.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги вклучи светилките на новогодишната елка а исто така и стартуваше и божиќниот базар.
Според најавата од градските власти на 27 декемви Дедо Мраз ќе дели бесплатни пакетчиња. Веќе бил постигнат договор со општините во градот, прославата на плоштадот Македонија да биде единствена организирана прослава.
Фб објава од градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски:
Градот убав повторно блесна! ✨
♥️Од срце ви благодарам, драги скопјани, најдраги дечиња, за масовното присуство, за радоста и за прекрасната енергија што вечерва ја споделивме заедно.
✔️ По години сивило, Скопје повторно блесна, свечено ја осветливме новогодишната елка и официјално го отворивме Божиќниот маркет, со што симболично го означивме почетокот на празничната магија во нашиот главен град.
🫡 Со оваа церемонија, Скопје направи значаен чекор напред кон визијата да се развива рамо до рамо со современите европски градови, создавајќи настани што носат позитивна енергија, заедништво и радост за сите генерации.
🗓️ Оваа вечер ќе остане запишана во историјата и ќе прерасне во убава традиција.
🙏 Ви благодарам што со вашето присуство ја направивте оваа ноќ навистина посебна.
Време е Скопје повторно да живее со светлина, насмевки и празнична топлина. 🎄✨ – стои во објавата.
