HomeАктуелноДржавната потрошувачка кошничка се одложува – се чека став од синдикатите и работодавачите

Државната потрошувачка кошничка се одложува – се чека став од синдикатите и работодавачите

Се одложува воведувањето на државната просечна потрошувачка кошничка, иако методологијата е веќе изработена и беше најавено нејзино стартување од јануари. Причината е тоа што сè уште не е доставено мислење од синдикатите и од работодавачите, информира министерот за економија, Бесар Дурмиши.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Кошничката била доставена на увид до двете страни уште пред локалните избори, со цел да достават евентуални забелешки или предлози. Но, како што вели министерот, досега нема официјално изјаснување ниту од синдикатите, ниту од работодавачите.

Доколку и во наредниот месец не пристигне нивно мислење, Владата ќе ја објави кошничката во постојната форма.

Станува збор за пресметка што ќе ја прави државата и која треба да покаже колку средства му се потребни на едно четиричлено семејство за месечни трошоци, по примерот на минималната синдикална кошница. Предвидено е таа да се објавува на месечно ниво и да служи како алатка за креирање на идните економски политики.

Во меѓувреме, за време на новогодишните и божиќните празници нема да има нови мерки за ограничување на цените, но контролите ќе бидат засилени.

Пазарната инспекција е постојано на терен. Само во 2025 година се реализирани рекордни 25 илјади контроли, а изречени се казни во вредност од 2,5 милиони евра за трговци кои не го почитувале законот или неосновано ги зголемувале цените. Доколку продолжат ваквите појави, ќе реагираме како и досега – изјави Дурмиши.

Министерот потврди и дека поскапувањето на електричната енергија ќе има влијание врз цените на основните производи, оценувајќи дека тоа е очекуван и нормален процес.

Регулаторната комисија вчера донесе одлука струјата од 1 јануари да поскапи од 2,45 до 3,84 проценти, што кај просечните сметки по блокови ќе значи зголемување од околу 57 до 900 денари.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.