На 22.02.2026 во 19:15 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.С.(40) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден, во 15:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред угостителски објект во Охрид, три лица физички го нападнале Н.Е.(28) од село Злести, општина Дебрца.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.
