HomeАктуелноПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ СЕ КРАТАТ: Од февруари пониски примања за пратеници, министри и судии

ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ СЕ КРАТАТ: Од февруари пониски примања за пратеници, министри и судии

Со исплатата на февруарската плата, пратениците, министрите, судиите и јавните обвинители ќе добијат околу 200 евра пониски примања. Ова произлегува од пакетот измени на шест закони што ги поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според предложените измени, се намалуваат коефициентите за пресметка на платите на сите јавни функционери. Од власта најавуваат дека законските измени ќе бидат донесени по скратена постапка, ќе ги поминат собраниските процедури и ќе почнат да се применуваат веднаш.

Со намалувањето на коефициентите ќе бидат опфатени платите на јавните функционери – пратеници, министри, судии, јавни обвинители, како и членовите на Судскиот и Јавнообвинителскиот совет. Намалувањето ќе изнесува од 10.000 до 13.000 денари, а кај одредени функции и повеќе, изјави пратеникот Стојановски.

Покрај функционерите во законодавната и извршната власт, измените ги опфаќаат и градоначалниците, чии плати ќе се утврдуваат според бројот на жители во општината.

Во меѓувреме, предлог-законот за минимална плата од 600 евра не доби зелено светло на првото читање во матичната комисија. Комисијата оцени дека предлогот не е прифатлив и ќе биде испратен на понатамошно одлучување на пленарна седница.

Од власта велат дека одлуките за реалниот износ на минималната плата се носат во рамки на Владата и на Социо-економскиот совет, а не во Парламентот. На комисиската расправа не помина ниту предлогот социјалниот дијалог меѓу работодавачите и работниците да се води во Собранието, наместо во Владата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.