HomeАктуелноУтре не очекува променливо облачно и посвежо време

Утре не очекува променливо облачно и посвежо време

Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо. Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планините врнежи од повремен снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец, соопштија од УХМР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината ќе има слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во четврток ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, на планините и на некои од повисоките места ќе има услови врнежите да преминуваат во снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен, а од петок од северен правец.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.