На 01.05.2022 година во 03.10 часот во угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Д.(28) од Охрид и Д.К.(28), од Скопје.
Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
