СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Ч. (57) од Охрид поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Според информациите, на 29 јули 2025 година, по претходна пријава дека лице носи пушка на јавен простор на потегот од местото викано „Чинар“ до црквата „Св. Богородица“, полициски службеници презеле мерки и активности за расчистување на случајот.
Пријавениот бил пронајден во дворот на неговиот дом под дејство на алкохол, при што до него била затекната пушка ТОЗ–18–01 калибар 22LR, за која не поседувал дозвола.
По целосно документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.
