HomeАктуелноВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се претставува како проевропска, а добива деманти од Европа

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се претставува како проевропска, а добива деманти од Европа

Од ВМРО-ДПМНЕ упатија сериозни обвинувања кон СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче, тврдејќи дека тие лажно се претставуваат како проевропска опција, додека, како што велат, „Европа ги демантира за секоја нивна лага“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според партијата, СДСМ сами си ја наметнуваат етикетата на проевропска сила, иако, како што посочуваат, имаат блиски односи со лица кои ги нарекуваат проруски бизнисмени, меѓу кои ги споменуваат Онишченко, Борче Марковски и Миодраг Давидовиќ Дака.

„Последен пример е манипулацијата со изјавата на европратеникот и известувач за Македонија, Томас Вајц. СДС ја спинуваа неговата изјава, по што тој веднаш ги демантираше и јасно посочи дека Македонија бележи напредок во Реформската агенда“, изјави Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека слична ситуација имало и со, како што велат, „хистеријата“ околу ИПАРД средствата, за која тврдат дека била демантирана од Европската Комисија.

Во изјавата се посочува и дека додека Филипче зборува за национални интереси, неговиот сопартиец Рубин Земон дал контроверзна изјава за Гоце Делчев, што, според ВМРО-ДПМНЕ, претставува омаловажување на еден од темелите на македонската државност.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека, и покрај демантите, СДСМ продолжува да ги повторува истите тврдења без извинување, со намера, како што велат, тие да се претстават како вистина.

Линк

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.