HomeАктуелноКолку ќе чини прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Грција

Колку ќе чини прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Грција

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска во Офицерскиот дом во Битола ќе ги потпише договорите за кофинансирање со корисниците на грантови на одобрените проекти од вториот јавен повик преку Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Грција.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во рамки на вториот повик од Програмата одобрени се 22 проекти во вкупна вредност од 7,6 милиони евра. Проектите се однесуваат на три приоритетни области, развој на локалната економија, превенција и заштита од природни катастрофи, како и заштита на природното и на културното наследство.

Министерството за локална самоуправа информира дека како координатор на ИПА Програмата за прекугранична соработка обезбедува 15 отсто што ги побарува Европската Унија, како услов за да се користат средствата во земјава од ИПА инструментот на Европската Унија.

Програмата за прекугранична соработка со Грција, како што се наведува, е вредна да се истакне и заради целосната дигитализација на постапката што ја води Министерството за локална самоуправа со корисниците на средствата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.