HomeАктуелноРибар се лизнал од карпа и се удавил во Охридско Езеро

Рибар се лизнал од карпа и се удавил во Охридско Езеро

Давеник утрово е пронајден во водите на Охридското Езеро, кај карпите меѓу плажите „Горица 2“ и „Горица 3“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според првичните информации, се работи за несреќен случај со трагични последици. Рибар од Охрид се лизнал од карпата од која рибарел.

Случајот го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, посочувајќи дека полициски екипи се на местото на незгодата и вршат увид.

Телото на давеникот го забележале случајни минувачи и пријавиле во полиција.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.