Вчера во раните утрински часови, на булеварот „Ослободување“ во Кичево, приведен бил Л.Б.(19) од кичевското село Бачишта.
19-годишниот Л.Б. бил приведен по претходна пријава дека во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување кон случајните минувачи.
По извршено алкотестирање, кај него констатирани биле 2,02 промили алкохол во крвта.
