HomeАктуелноДенеска се празува Успение на Св. Ана

Денеска се празува Успение на Св. Ана

Православната црква денеска го одбележува споменот на Мајката на Пресвета Богородица Света Ана. Денес се празнува нејзиното успение, но нејзиниот главен празник е на 9 септември.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Праведните Јоаким и Ана беа бездетни цели педесет години од нивниот брачен живот. На старост им се јави архангелот Гавриил, секому посебно, и им рече дека молитвите им се услишени од Бога и дека ќе родат ќерка, Марија.

Тогаш Св. Ана зачна од својот маж и по девет месеци роди ќерка благословена од Бога и од сите човечки колена, Пресветата Дева Марија Богородица.

После долг и богоугоден живот се упокои во длабока старост.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.