На булеварот ВМРО во близина на Македонска пошта попладнево пропадна дел од булеварот, пренесува ТВ21.
Полиција го обезбедува просторот и третата лента е целосно затворена за сообраќај.
За среќа нема повредени но постои опасност истата да се прошири.
Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи.
Во моментов нема детали за тоа која е причината за отворањето на дупката на сред сообраќајна лента на еден од најпрометните булевари во Скопје.
