HomeАктуелноПрв уписен рок на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Прв уписен рок на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Од утре до 27 август 2026 година e првиот уписен рок за студенти во прва година на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. На Универзитетот има 190 слободни места.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Идните студенти може да изберат три или четиригодишни студии на факултетите за компјутерски науки и инженерство, комуникациски мрежи и безбедност, применети информатичкии технологии,машинска интелегенција и роботика, потоа информатички системи, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника и информатички и комуникациски науки.

Поднесувањето на документи ќе се врши во просториите на Универзитетот, во период од 08:00 до 16:00 часот.

Подетални информации за потребната документација има во Конкурсот за запишување на студии од прв циклус, објавен на веб страна www.uist.edu.mk како и на социјалните медиуми на Универзитетот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.