HomeАктуелноПомали трошоци за родителите: Воведена „училишна кошничка“ со пониски цени

Помали трошоци за родителите: Воведена „училишна кошничка“ со пониски цени

Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор пред почетокот на новата учебна година, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Мерката ќе важи до 30 септември и предвидува трговците на големо да ги намалат цените за најмалку 10 проценти. За трговците на мало е предвидено намалување од најмалку 15 проценти.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со мерката се опфатени ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи, пенкала, боици, пластелин, фломастери, линијари и дидактички материјали. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека ова е трета година по ред како се воведува таканаречената училишна кошничка пред почетокот на учебната година. Целта, според партијата, е да се намалат септемвриските трошоци на родителите и да се заштитат семејните буџети.

Од партијата нагласуваат дека заштедата треба да биде особено значајна за семејствата со повеќе од едно дете. Со мерката се очекува родителите да можат да го набават неопходниот училиштен прибор по пониски и попристапни цени.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.