HomeАктуелноЛевицаОхрид: Наместо скап превоз, пратениците од Охрид да користат автобус до Скопје

ЛевицаОхрид: Наместо скап превоз, пратениците од Охрид да користат автобус до Скопје

Во држава каде што половина од населението не може да си дозволи три оброци на ден, четворица претставници во законодавното собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Охрид и СДСМ Охрид од септември до февруари 2022 година, заедно потрошиле 340.775 денари, велат во реакцијата за патните трошоци на охридските пратеници од Левица ЛО Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сакаме да ги потсетиме овие лица дека и редовниот автобуски превоз може да биде доволно комфорен за да стигнат до своето работно место, додаваат во соопштението.

На листата охридски пратеници на кои им е исплатен патен надоместок се наоѓа Жаклина Лазаревска од СДСМ која потрошила 111.271 денари, а веднаш до неа, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ стои Лидија Петкоска која потрошила 101.385 денари како и Александар Николовски со 76.429 денари (не му е вбројан платен надоместок за месец февруари). На Лазе Таневски од СДСМ исплатени му се 51.690 денари, додаваат во реакцијата.

Потсетуваат дека од СДСМ и ДУИ била одбиена точката за законски измени предложена од Левица да биде ставена на дневен ред, односно од вкупно 108 пратеници, 89 гласаа „ПРОТИВ”, што значи не беше изгласан Предлог на Законот од Левица за укинување на патните трошоци на пратениците (кои имаат плати повисоки од 1.000 евра) и кратење на противуставното т.н. право на апанажа на пратениците од Собраните на Република Македонија.

Политичката партија Левица и понатаму ќе има за цел да ги намали овие трошоци, а пратениците од Левица се единствените кои преку личен пример ја застапуваат целта да се укинат патните надоместоци и апанажата, додаваат во реакцијата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.