HomeАктуелноВо сабота рекреативно пешачење од Охрид до Велестово

Во сабота рекреативно пешачење од Охрид до Велестово

Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид во соработка со Планинско спасителната служба (ПСС), на 03.10.2026 година (сабота), го организираат традиционалното рекреативно-кондиционо пешачење до охридското село Велестово. Планинско-рекреативна тура ќе се одвива по планинската патека а стартот е во 09 часот пред  платото        на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори” во Охрид. На соодветен терен во близина на селото, предвидено е пред учесниците на рекреативната планинска тура, претставници на планинарската спасителна служба да извршат  показна презентација односно демострација на техники за спасување на планина што е дел од меѓусебно потпишаниот меморандум за сорааботка.
Целта на оваа активност е промовирање на рекреативниот спорт, физичката активност, здравиот начин на живот и дружење меѓу членовите на ИПА, ПСС и граѓаните кои ќе се приклучат на планинарската рекреативна тура.  Велестово е планинско село во општина Охрид, сместено на падините на планината Галичица на надморска височина од околу 1.100 до 1.250 метри од каде се пружа прекрасен панорамски поглед на градот Охрид, Охридското Езеро и охридската котлина.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ги покануваме членовите на ИПА и граѓаните-вљубеници во рекреативното планинарење од Охрид и регионот, да се приклучат кон оваа активност и во 09 часот во сабота да бидат пред платото на СРЦ „Билјанини извори”, информираат од ИПА Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.