HomeАктуелноПецаков: Отворен првиот Дневен центар за стари лица во Охрид

Пецаков: Отворен првиот Дневен центар за стари лица во Охрид

Во Охрид денеска е отворен првиот Дневен центар за стари лица, наменет за дружење, рекреација и различни активности за повозрасните сограѓани.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Градоначалникот Кирил Пецаков истакна дека со отворањето на Центарот се исполнува едно важно ветување и се создава простор каде што повозрасните ќе можат активно да го поминуваат времето и да бидат дел од заедницата.

Нашите повозрасни сограѓани го градеа Охрид и со својот труд го создаваа градот што денес го имаме. Затоа заслужуваат почит, внимание и грижа, но и простор каде што ќе бидат активни, заедно и дел од заедницата“, посочи Пецаков.

Проектот е реализиран од Општина Охрид со поддршка од Светска банка и Министерството за социјална политика, демографија и млади, а носител на проектот е Здружението на граѓани ВОПС.

Дневниот центар ќе работи од 8 до 16 часот, а во моментов го посетуваат околу 30 корисници.

Од Општина Охрид посочуваат дека и во иднина ќе продолжат со вложувања во социјални услуги и проекти насочени кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните од сите генерации.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.