HomeАктуелноОд четврток личната карта и возачката дозвола ќе ги имаме и на мобилен телефон – еве како ќе функционира

Од четврток личната карта и возачката дозвола ќе ги имаме и на мобилен телефон – еве како ќе функционира

Граѓаните од четврток, 29 октомври, ќе можат да ги користат личната карта и возачката дозвола во дигитална форма, директно преку мобилниот телефон, со новата апликација „м.Услуги“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Апликацијата ќе биде официјално промовирана во среда, на 28 октомври, а ќе овозможи електронските документи да бидат достапни на едно место, без потреба секогаш да се носат физичките документи.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави дека посебно внимание е посветено на безбедноста и заштитата на личните податоци.

Корисниците сами ќе избираат кои податоци ќе ги споделат

Една од главните функционалности е можноста граѓаните сами да одлучуваат кои лични податоци ќе ги споделат при идентификација. Наместо да ги откриваат сите информации од личната карта или возачката дозвола, ќе можат да ги изберат само потребните податоци.

Споделувањето ќе се врши преку QR-код за еднократна употреба. По неговото генерирање, кодот ќе може да се скенира, а податоците ќе бидат достапни само со согласност на корисникот. Според најавата на министерот, кодот истекува по 10 до 15 секунди и не може повторно да се употреби.

Физичките документи и понатаму ќе важат

Користењето на апликацијата нема да биде задолжително. Граѓаните кои нема да сакаат да ги користат дигиталните документи ќе можат и понатаму да ги носат и користат постојните лични карти и возачки дозволи.

Новата апликација претставува почетен чекор кон поширока дигитализација на документите и јавните услуги. Во наредниот период се очекува нејзините функционалности да се надградуваат, со можност за додавање нови услуги и документи.

Целта е граѓаните полесно да пристапуваат до потребните документи и услуги преку мобилниот телефон, со поголема контрола врз споделувањето на нивните лични податоци.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.