АМСМ со најнови информации
ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:
- Од 18:00 часот на патниот правец крак Маврово – Дебар и на планинскиот премин Стража;
- Од 22:15 часот на магистралниот пат Крива Паланка – ГП Деве Баир.
- Од 00:20 на патот А-3 Битола – Ресен, премин Ѓавато
· Во 04:42 часот поради снежните врнежи се воведува забрана за движење на тешки товарни возила на превој пат Ресен – Охрид превој Буково.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на повисоките делови од државата, додека на пониските места врнежите се со послаб интензитет.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
