Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија на 11.05.2022 во 22.45 часот го лишиле од слобода М.Н.(30) од Скопје.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и поголема количина семки од марихуана.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.
