HomeАктуелноЧешка го отвори најдолгиот висечки мост во светот

Чешка го отвори најдолгиот висечки мост во светот

Страв и адреналин беа дел од чувствата на првите посетители по стапнувањето на најдолгиот висечки мост во светот, кој се протега над планинска долина во Чешка, пренесува Ројтерс.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Дојдовме овде затоа што го сакаме адреналинот, рече планинарката Михаела Клестилова кога се приближуваше до мостот долг 721 метар, кој виси 95 метри над земјата на неговата највисока точка и беше отворен во петокот.

Мостот го доби името Скај Бриџ 721 (Sky Bridge 721), а изградбата, чија вредност е 200 милиони куни, траеше две години.

За мене ова е одличен поглед, рече Михал Хофирек, првиот посетител на мостот.

Се наоѓа на повеќе од 1.100 метри надморска височина и поврзува два планински сртови на североистокот на земјата, на 200 километри од Прага и во близина на границата со Полска.

Тој е подолг од мостот Арока во Португалија, кој е 516 метри, а претходно важеше за најдолг висечки мост.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.