Потпаролот на СВР Охрид информира дека на 15.05.2022 година во 02,50 часот, полициски службеници од СВР Охрид- одделение за недозволена трговија со дрога, го лишија од слобода М.А.(28) од струшкото село Лабуништа. При преглед извршен на булеварот „Железничка“ во Охрид, кај него пронајдена и одземена е кеса со опојна дрога Кокаин.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додава потпаролот на СВР Охрид.
