Пожар избувна утринава во метрото во Букурешт при што 172 лица се евакуирани. Никој не е повреден.
Движењето на метрото на линијата М2 денеска беше запрено откако беше регистриран пожар во реонот на подземната станица Пјата Романа. Според информациите на диспечерската служба на Метрорекс, како последица на технички проблеми избувнал пожар во воз на метрото. Во тоа време возот бил во тунелот на околу 20-30 метри од перонот.
Снабдувањето со електрична енергија е прекинато и веднаш започна евакуацијата на патниците, меѓу кои нема повредени, соопшти Инспекторатот за вонредни состојби Букурешт-Илфов.
