HomeАктуелноВремето денес

Времето денес

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени, во Охрид до 24 степени. УВ ќе биде 6.

Од УХМР информираат дека наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

Од понеделник ќе се намали нестабилноста и повторно ќе преовладува потопло време.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.