HomeАктуелноОд денес почнува исплатата на мајските пензии, со дополнителни 1000 денари финансиска поддршка

Од денес почнува исплатата на мајските пензии, со дополнителни 1000 денари финансиска поддршка

Од денес започнува етапната исплата на мајските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено велат од Министерството за труд и социјална политика.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пензија повисока за 1.000 денари ќе добијат повеќе од 330 илјади пензионери со исплатата на мајската пензија преку договорената директна финансиска помош за три месеци, додаваат од МТСП.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2022 година (понеделник);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2022 година (вторник);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2022 година (среда); и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.06.2022 година (четврток).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 30 мај (понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања, информираат од МТСП.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.