HomeАктуелноМакедонската фудбалска репрезентација ги почнува настапите во Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација ги почнува настапите во Лигата на нации

Македонските фудбалери денес во Разград со дуелот против Бугарија почнуваат нов циклус во Лигата на нации.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

 

Селекторот Благоја Милевски за овој и за другите три средби од јунскиот прозорец најави давање повеќе минутажа на помладите играчи од кои очекува да го покажат целиот свој потенцијал.

 

– Секој нов натпревар е нов предизвик. Стартуваме со проблеми и повредени фудбалери, но имаме шанса да ги провериме можностите на сите повикани фудбалери. Бугарија е квалитетен тим, имаат одлични фудбалери. Секој натпревар е различен, мора да имате план кој треба да се исполни. Сепак, се прашува и противникот и ќе видиме што ќе ни донесе натпреварот. Се чувствувам горд кога момците го покажуваат потенцијалот на терен. Задоволство е да се работи со нив како карактери, момци и фудбалери. Во вистинска насока сме, рече Милевски на прес-конференцијата за овој натпревар.

На досегашните седум меѓусебни натпревари, сите со пријателски карактер, Македонците имаат две победи, Бугарите четири, а еден натпревар заврши нерешено.

 

Во четвртата група Ц-сегмент покрај македонската и бугарската репрезентации, се и селекциите на Грузија и Гибралтар.

 

Лигата на нации е натпреварување преку кое може да се обезбеди настап на Европското првенство 2024. За тоа е потребно да се освои првото место во групата и да се победи во плејофот.

 

 

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.