На 7.06.2022 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада (ЈММО).
Генијалецот Лео Нелоски на Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада (ЈММО) го освои сребрениот медал, во силна конкуренција, денес Лео Нелоски е прогласен за државен првак на Македонија, информираат од сојузот на матемаричари на Македонија.
Инаку, математичкиот генијалец осмоодделенец е ученик во ООУ„Григор Прличев“ во Охрид и е исклучително талентиран ученик и ова е само продолжение на успесите кој постојано ги нижи од својата шеста година.
Неговата наставничка по математика, а воедно и негов ментор, Анита Николовска, со неколку зборови го опишува својот ученик:
Лео е прекрасно, исполнително и генијално дете. Одамна ги има надминато задачите за негова возраст. Ми претставува голема чест и задоволство што сум негов наставник и ментор.
