HomeАктуелноОд денеска посебен режим на сообраќај на подрачјето на СВР Охрид

Од денеска посебен режим на сообраќај на подрачјето на СВР Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните на Охрид дека од 16 до 18 јуни 2022 година, поради реализација на самитот „Преспа форум дијалог 2022“ што се одржува во Охрид, на подрачјето на СВР Охрид се преземаат соодветни безбедносни мерки со цел зголемување на степенот на мобилност во обезбедување на делегациите.Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид интензивно презема мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, пред с? по булеварот „Туристичка“, но и по другите патишта и сообраќајници каде не е дозволено запирање или паркирање на моторни возила и каде се врши непречено пропуштање на возилата со приоритет наменети за
обезбедуваните личности.Воедно, сообраќајното обезбедување ги опфаќа и останатите магистрални,
регионални и локални патишта, како и заштитниот појас на патиштата заедно со улиците во населените места и паркиралиштата.Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Денеска и утре посебни безбедносни мерки кај каналот „Студенчишта“

Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните дека од денеска до 17 јуни,  поради реализација на петнаесеттата Конференција на началниците на Генералштабовите (НГШ) на армиите од балканските земји што ќе се одржи во Охрид, на подрачјето на Охрид ќе  спроведе соодветни безбедносни мерки.
Како дел од активностите на конференцијата, денеска (15 јуни 2022), во периодот од 15 до 16 часот,  околу просторот кај каналот „Студенчишта“, Центарот за обука на вода и крајезерскиот брег околу тој потег каде, ќе се реализираат армиски показни вежби  во кои ќе се употребува маневарска муниција и ќе има движење на борбени армиски возила.Апелираме до граѓаните доследно да се придржуваат до насоките на
полициските службеници кои ќе го обезбедуваат посочениот простор, информираат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.