HomeАктуелноХрватска со силна поддршка за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ

Хрватска со силна поддршка за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ

Силна поддршка од Хрватска за почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ упати вчера од Скопје шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман. Тој рече дека е премногу важно Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ и ова прашање да се најде на агендата на Самитот на Унијата на 23 и 24 јуни. На прашањето дали има шанса за кревање на ветото тој одговори дека технички се е можно. Во меѓувреме бугарскиот Парламент започна со сослушување на министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска за процесот на пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и одлуката за одобрување рамката за преговори, проследено со расправии и меѓусебни обвинувања.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Отворањето пристапни преговори би бил не само политички, туку и важен психолошки момент и за граѓаните на Северна Македонија, бидејќи 17 години чекате тоа да се случи. Северна Македонија направи се што требаше, го смени и името, направивте големи реформи, покажавте дека сте проевропски и со отворањето преговори ќе се отвори и ново поглавје на евроската перспектива, изјави Грлиќ Радман на прес-конференцијата во Скопје со неговиот македонски колега Бујар Османи.

Грлиќ Радман потенцира дека почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, не е само во интерес на државава, туку и во интерес и на целата ЕУ, па и подеднакво и на Хрватска, бидејќи, вели, мора да ја имаме пошироката слика на широката слика на случувањата.

– Преважно е ова прашање да се најде повторно на агендата на Советот на ЕУ, сметам дека технички се е возможно, тоа е за една седмица, очекуваме, се надеваме на свикување на меѓувладина конференција, тука е битно е и француското претседателство и влијанието на водечките земји во ЕУ, нагласи Грлиќ Радман.

Тој истакна дека Северна Македонија е најдобар показател во однос на сите земји од Западен Балкан што остварија голем напредок.

– Вложуваме големи напори од наша страна да увериме за неопходноста и важноста на пристапните преговори со Северна Македонија. Друго не можам да кажам, бидејќи имам исти сознанија како и министерот Османи, рече Радман.

Хрватскиот министер оцени дека ЕУ треба посилно да биде присутна во земјите од Западен Балкан, и секогаш, рече, како министер присутен на состаноците за надворешни работи, ја истакнувал важноста од посилна присутност на ЕУ на Западен Балкан, и дека тоа е од суштинска важност за безбедноста, за иднината, просперитетот и оти присутноста на Европската Унија е знак дека тоа е геополитички простор на Унијата.

– Земјите од Западен Балкан се опкружени со членки на ЕУ и на НАТО, а Северна Македонија исто така е и членка на НАТО и затоа кога говориме за безбедноста, зборуваме и за превенција од влијанија од трети земји и превенција од прелевање на судирот. Силно ја осудивме руската агресија врз суверена земја, што е без преседан во 21 век, нарушен е светскиот поредок, истакна Грлиќ Радман.

Османи од своја страна рече дека сме во очекување да видиме како ќе ги продолжиме разговорите со Бугарија. Времето е кратко, очите на 18 милиони луѓе од Западен Балкан се свртени кон Софија каква одлука ќе преземе. Ова не е веќе прашање дали Северна Македонија ќе ги продолжи преговорите, ова е прашање дали Западен Балкан има воопшто европска перспектива, нагласи тој.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.