HomeАктуелноНАЈНОВА ВЕСТ:Сообраќаен колапс на излезот од Охрид

НАЈНОВА ВЕСТ:Сообраќаен колапс на излезот од Охрид

Колони возила заглавени се на излезот од Охрид во двата правци, поради посебниот безбедносен режим воспоставен заради одржување на два значајни меѓународни настани во Охрид, Конференција на началниците на Генералштабовите (НГШ) на армиите од балканските земји и „Преспа форум дијалог 2022“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Очевидци од колоните тврдат дека повеќе од еден час биле заглавени во место поради пристигнување на делегациите. Колоната само што се придвижила одново била запрена од истите причинини. Движење речиси и да нема, велат тие.

Секторот за внатрешни работи Охрид претходно информираше дека од 16 до 18 јуни 2022 година, поради реализација на самитот „Преспа форум дијалог 2022“ и Конференција на началниците на Генералштабовите (НГШ) на армиите од балканските земји на сила ќе бидат посебни безбедносни мерки во одредени делови од градот во одредени периоди.

Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.