HomeАктуелноКовачевски: Загубено драгоцено време во евроинтеграцијата на Северна Македонија, посветени сме на сегешаноста и иднината

Ковачевски: Загубено драгоцено време во евроинтеграцијата на Северна Македонија, посветени сме на сегешаноста и иднината

Во денешни услови на светски превирања уште повеќе се нагласува темата на интеграција на Западен Балкан во Европа каде што тој природно и припаѓа, а кога станува збор за евроинтеграцсикиот процес на Северна Македонија загубено е драгоцено време.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски кој како главен говорник денеска на Преспа Форумот за дијалог  ја отвори сесијата на тема „65 години после Римскиот договор: Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана?“. Тој при тоа рече дека нема да зборува за минатото туку за иднината на земјата и регионот.

-Обично дискусиите на Балканот најчесто се водат за минатото и за историјата и постојат политичари кои што уживаат да зборуваат за теми од историјата, особено од соседството, а тоа се и најлесни теми за говорење бидејќи кога им зборувате на граѓаните за историја тогаш ништо и не им ветувате. Најтешко е да зборувате на граѓаните за економија бидејќи тогаш се ветува и тогаш граѓаните имаат очекувања за подобар животен стандард. Ќе зборувам за сегашноста и за плановите за иднината, за се она што ние како земја во соработка со земјите од регионот и нашите стратешки партнери го реализираме со единствена цел економски развој и подобра стандард за граѓаните, рече Ковачевски.

Тој стави фокус на три главни аспекти за денешната тема и тоа усоласувањето на националното законодавство со законодавството на ЕУ и имплементација на стандардите на структурни реформи, регионалната иницијатива Отворен Балкан и нејзините економски бенефити и интеграцијата на регионот во ЕУ и единствениот пазар на Унијата,

-Нашата определба за членство во ЕУ е јасна уште од независностата на државата. Ние сме земја кандидат за членство уште од 2005, а пред 20 години е потпишана Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), која предвидуваше да се постигне асоцијација за десет години. Иако оваа временска перспектива не се постигна, ССА и денес претставува единствената правна рамка која ги одредува односите меѓу двете страни, и која придонесува за економската и политчка стабилност на земјата  за консолидацијата на демократијата и владеењето на правото, рече Ковачевски.

На форумот ќе говорат и премиерката на Србија Ана Брнабич и Мајлинда Брегу ,претседателка на Регионалниот совет за соработка.

Сесијата, пак, насловена „Западен Балкан“ менаџирање во турбулентни времиња, попладнево ќе ја отвори вицепремиерот Бојан Маричиќ, а меѓу говорниците ќе бидат специјалните пратеници за Западен Балкан на САД заменик помошникот државен секретар Габриел Ескобар, на Велика Британија Стјуард Пич и на Германија Маниуел Сарацин и на Австрија Јоханес Ајгнер.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.