ЈП „Улици и патишта“ соопштува дека е санирано оштетувањето на мостот во Драчево.
– Во текот на изминатиот ден екипите на ЈП „Улици и патишта“ интензивно работеа на санирање на оштетувањето што од неодамна се појави на мостот на Маркова Река во Драчево, посочуваат од јавното претпријатие.
Како што информираат од ЈП „Улици и патишта“, градежните работи и асфалтирањето биле извршени во најкус можен рок и мостот денеска од 13часот е биде пуштен во употреба.
