Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека автомобил удрил во велосипедист.
Како што информира МВР, на крстосницата од бул.„12-та Македонска Бригада“ и ул.„Илија Димовски-Гоче“ во Скопје, патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Т.(50) од Скопје удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
