Експертите предупредуваат дека варените јајца имаат многу пократок рок на траење од свежите – основното правило е дека по готвењето јајцата треба да се чуваат во фрижидер, а не во корпа на масата.
Колку долго после Велигден имате вапцани јајца на трпезата и ви служат како главен украс? Тешко е да се процени колку јајца треба да зготвите за Велигден, но во повеќето случаи, остатоците од празникот остануваат многу подолго отколку што треба.
