HomeАктуелноАвтопатот Кичево-Охрид се гради со полна пареа – се работи на сите делници

Автопатот Кичево-Охрид се гради со полна пареа – се работи на сите делници

Се работи со полна пареа на сите подделници на автопатот Кичево-Охрид, информира директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски по денешните остварени работни состаноци за увид во реализацијата на динамичкиот план на работа.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Бевме известени дека се работи со полна пареа и дека во моментов работата на изведувачите Гранит, Синохидро и Илинден се одвива на сите подделници.

Подделница 1 од Кичево до Подвис каде што е изведувач Гранит се работи активно на вијадуктот, на девијацата Лавчани и на неколкуте потпатници.

Подделница 2 од Подвис до Пресека, изведувачите над работите (Гранит/ Синохидро/Илинден) работат на патниот јазол Извор, на Клучка Душегубица, но и на останатите објектите.

Подделница 4 од Песочани до Требеништа каде е изведувач Синохидро се работи на главната траса, особено е ставен акцент на клучка Требеништа, како и на пристапните патишта делница Песочани -Ново Село,Ново Село-Ботун, Климештани-Мешеишта; на патниот јазол Требеништа, но и на другите објекти на подделницата.

Подделница 5 од Требеништа до Охрид (Синохидро/Илинден) интензивно се работи на десниот коловоз, изградба на пристапни патишта долж целата подделница 5,изградба на натпатник кај Подмоље, изградба на клучка Св.Еразмо и изградба на натпатник кај Чекоштина, посочува Трајановски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.