HomeАктуелноАкциска контрола во Битола: Одземено злато без соодветен жиг

Акциска контрола во Битола: Одземено злато без соодветен жиг

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола и Полициската станица од општа надлежност Битола во координација со Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи, како и Секторот за економски криминал и корупција при МВР вчера во периодот од 11.30 до 15.00 часот, спроведоа акциска контрола врз 14 правни субјекти кои се занимаваат со продажба, откуп и изработка на златен накит на подрачје на Битола.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При контролата, информираа денеска од МВР, од страна на УЈП се констатирани неправилности во однос на обврските кои произлегуваат од Закон за готовински плаќања.

– Од страна на Државниот пазарен инспекторат се пронајдени и одземени 240 грама злато и златен накит без соодветен жиг од вкупно четири правни субјекти, се наведува во соопштението од МВР.

По целосно расчистување и документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.