На 16.08.2022 година во СВР Охрид приведено е 61 годишно лице од Охрид, информираат од СВР Охрид.
Тој претходно, во зграда на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, физички го нападнал 51 годишното лице од селото Пашино Рувци-Кривогаштани. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава,информира потпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На 16.08.2022 година во 21.50 часот, во СВР Охрид приведени се 38 годишно лице од охридското село Велгошти и 28 годишно лице од селото Долно Лакочереј.
При преглед на автомобил „Киа Пиканто“, во кое биле двацата, извршен во близина на селото Скребатно, полициските службеници кај 38 годишното лице пронашле и одзеле ќесе со марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат Димоски.
